Промоција на дизајнирани чоколади од Нина Симовска


Дизајнирани новогодишни пакувања за чоколади под името „Мојата чоколадна приказна“ (My Chocolate Story) ќе бидат изложени во кафе-барот „Каза“ на 12 декември.

Нина Симовска, основач на дизајнерското студио „Just Because“, вели дека ова е петта година од почнувањето на дизајнирањето на новогодишни пакувања, а годинава ќе бидат претстави и нови дизајни.

„Овој декември има посебно значење за нашето студио бидејќи прославуваме пет години од постоењето на еден од омилените производи за нашите клиенти, дизајнираните чоколади кои помагаат да им ги пренесете празничните желби на луѓето кои ги сакате. Низ овие пет години раскажавме многу приказни и измамивме безброј насмевки, а тоа е одличен повод кој сакаме да го одбележиме заедно со сите наши пријатели и поддржувачи“, вели Симовска и додава дека се навршуваат и десет години од постоењето на нејзиното студио и по тој повод на 31 декември ќе има изненадувања за нивните клиенти кои ќе споделат сопствена чоколадна приказна со хаштагот #mychocolatestory.