Принцот Хари го дизајнирал: свршеничкиот прстен за Меган има дијаманти од Леди Ди


АНГЛИЈА- Принцот Хари и Меган вчера и официјално објавија дека се свршиле, а двојката пред Кесингтонската палата во Лондон прв пат се фотографираше заедно. Американската актерка позираше и со свршеничкиот прстен. Прстенот има посвета на починатата Леди Дијана, мајката на Хари.

Наводно, принцот лично го дизајнирал прстенот и содржи два дијаманта од приватната колекција на принцезата. На средина од прстенот има дијамант од Боцвана, земјата која има посебно значење за Хари. Според најавите од Палатата, двојката ќе се венча во април, идната година.