Празнична кампања: Нека почне забавата со „Фешн и френдс“
Мултибренд концепт продавницата Fashion&Friends ја претставува празничната кампања за оваа зима „Let’s get the party started“ во која што главни протагонисти се победниците на YouTube шоуто кое беше организирано заедно со Wannabe магазинот.
Енергични и шармантни, во кампањата се појавуваат паровите кои го освоија стручното жири и кои на најоригинален начин ги прикажаа клучните парчиња од брендовите на Fashion&Friends.
Белградскиот фотограф Алек Живковиќ совршено ја долови празничната и весела атмосфера, а позитивни вибрации зрачат од секоја фотографија. Претставени се највпечатливите модели од брендовите на Fashion&Friends – преовладува црната боја и рок стилот, но исто така се претставени и уникатни парчиња во светли нијанси, цветни мотиви и колор-блок комбинации за оние кои сакаат со сигурност да остават оригинален впечаток.