По девет години, титулата се врати во „Градски парк“
Работнички е новиот шампион на Македонија, откако и во третиот натпревар од финалната серија го совлада МЗТ Скопје со 87:84.
Работнички во првото полувреме не ја искористи предноста на домашниот терен во „Градски парк“ и МЗТ Скопје ја имаше иницијативата на теренот, што пак се одрази резултатски.
Гостите од Аеродром имаа водство во текот на првите две четвртини, која во еден момент достигна и 14 разлика (24: 38).
Иако на пауза резултатот беше 40:48 за МЗТ Скопје, сепак Работнички успеа да се консолидира и да се врати во игра. Домаќините на неколку наврати успеваа да намалат и изедначат, а потоа тимот на Марин Докузовски поведе и направи пресврт на натпреварот.
Последните неколку минути беа особено неизвесни и драматични, при што се играше за секој поен, но на крајот домаќините успеаа да победат со 87:84.
Кај Работнички најефикасни беа Чавдар Костов со 19 и Димитар Караџовски со 17 поени, а Андрија Бојиќ со 17 и Дамјан Стојановски со 16 поени беа најпрецизни кај МЗТ Скопје.
По шест години доминација на домашната кошаркарска сцена МЗТ Скопје му ја препушти шампионската титула на најтрофејниот македонски клуб Работничк