Од ентериер до мода: Ултравиолетовата е боја за 2018 година


САД- Додека годината што изминува беше во знакот на зелената боја, за 2018 година за боја на годината е прогласена таканаречената ултравиолетова. Веста официјално ја потврдија од  „Пантон“.

На модните писти веќе ја видовме доминацијата на нијансата на лаванда, која веќе го најавуваше доминантниот тренд за следната година. Видовме и безброј модни комбинации од уличната мода како се „носи“ оваа боја.

Оваа боја „Пантон“ ја опишува како драматична, провокативна и боја која поттикнува на размислување и ја претставува оригиналноста.

„Бојата на годината 2018 е многу повеќе од тоа што е сега во тренд во светот на дизајнот. Таа е вистинска рефлексија на тоа што денес во светот на сите ни треба“, соопштија од „Пантон“.