Новогодишната елка пристигна во Белата куќа
САД- Првата дама на САД, Меланија Трамп, заедно со својот син Барон, ја примија новогодишната елка наменета за Белата куќа, со што и официјално почнува празничната сезона во Вашингтон, пренесуваат американските медиуми.
Официјалната елка ќе биде декорирана и поставена во Сината соба во Белата куќа. Дрвото е високо околу шест метри, од американската држава Висконсин, која била одбрана во септември. Ова ќе бидат прв Божик и Нова година за семејството Трамп во Белата куќа.