„Некст тајм“ ја промовира „ Нешто ќе те питам бабо“


Браќата Мартин и Стефан, или дуото „Некст тајм“, на социјалните мрежи ја најавија промоцијата на нова преработка на стара македонска песна со видеоспот – „Нешто ќе те питам бабо“. Ќе се случи вечерва во 20 часот, во Драмски театар во Скопје.

После двата успешни препеви и спотови за песните „Ја излези Ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите“, македонската јавност очекува повторно да види стара песна во поп-аранжман.