Неда Арнериќ најдена без свест, итно пренесена во болница


Познатата српска актерка Неда Арнериќ, итно е пренесена во болница, откако нејзиниот брат ја нашол без свест во нејзиниот стан.
Арнериќ била пренесена во болница синоќа во 21 часот, во тешка состојба, пишува српски „Блиц“.
Нејзиниот брат упорно и ѕвонел на телефон, но не можел да ја добие, па повикал бравар за да ја обие бравата во станот.
„Неда ја затекнале како лежи на подот. Екипата на итната помош набрзо дошла и ја пренесле во Ургентниот центар“, наведува извор за „Блиц“.
За сега нема податоци зошто Арнериќ била без свест.
Инаку, кон средината на минатата година почина нејзиниот сопруг Милорад Мештровиќ, а за тоа се дозна дури во јануари, кога Неда кажала на нејзините блиски пријатели. Се дозна дека долго боледувал, а Арнериќ за „Блиц“ кусо потврди: „Вистина е “.
Пред три години Неда Арнериќ падна од терасата на својот стан од третиот кат во Белград. При тоа го повреди рбетот и беше згрижена во ургентниот центар.  Скрши три пршлени.
Инаку, Неда Арнериќ требало вчера да се појави на Фестивал, каде е прикажан нејзин филм, но не дошла.
Арнериќ глумеше во македонскиот филм, „Исправи се Делфина“, на режисерот Александар Ѓурчинов, работен по негово сопствено сценарио.