На Французите им е доста


Французите повеќе не ги поддржуваат протестите на движењето „Жолти елеци“ и сакаат тие да престанат, покажува истражување кое го објави весникот „Журнал ди диманш“.
Од почетокот на протестите, „Жолтите елеци“ се повеќе ја губат поддршката од населението, и сега дури 52 отсто смета дека протестите треба да престанат. Во јануари, на пример, само 37 отсто од Французите посакуваа прекин на протестите.
Граѓаните, како што покажа истражувањето, се повеќе се дистанцираат од протестите поради однесувањето, насилството и направените трошоци во државата. Весникот наведува дека се помалку луѓе излегуваат на протести, што јасно покажува помала поддршка од граѓаните.
Минатата сабота, на третиот месец од почетокот на протестите на „Жолтите елеци“, на улиците излегле 41.500 луѓе, а саботата пред таа имаше 51.400 демонстранти, укажува „Журнал ди диманш“.
Протестите на „Жолтите елеци“ покренати се пред три месеци поради незадоволството на граѓаните од политиката на Емануел Макрон, и продолжија покрај отстапките на француската влада која прифати бројни барања од демонстрантите.