Личности на „Тајм“: Актерките кои го открија сексуалниот скандал во Холивуд
САД- Магазинот „Тајм“ ја објави личноста на годината, а според одлуката на магазинот, лицето кое што најмногу ја одбележа 2017-та година се сите оние кои што го прекинаа молчењето во врска со сексуалните злоставувања во Холивуд. Ешли Џад, Сузан Фаулер, Адама Иву, Тејлор Свифт и Изабел Паскал заедно со уште стотина мажи и жени се прогласени за личности на годината.
Неколку холивудски актерки учествувале во разоткривањето на едно од најдолгорајните злосторства во Холивуд – сексуалните злоставувања на продуцентот Харви Вајнстин кои што започнале уште од 60-тите години од минатиот век.
Аферата во чие што средиште се најде еден од највлијателните продуценти во филмската индустрија започна на почетокот од октомври со објавата на големиот текст во “Њујорк Тајмс” во кој што неколку жени одлучија да проговорат во јавноста за сексуалното злоставување од страна на Вајнстин. Во интервјуата, жените откриле дека Вајнстин често ги пречекувал целосно гол, барајќи од нив да го гледаат како се капи или барајќи да го масираат. Тие жени биле најчесто биле на околу 20-годишна возраст кои што сакале да изградат филмска кариера, а тој го знаел тоа и го искористил против нив.
После објавата на првиот текст, започнале да се јавуваат и други жени од холивудската филмска индустрија кои што јавно говореле за злоставувањата од страна на славниот продуцент. Вајнстин им се извини на жртвите, но во меѓувреме листата на жени секојдневно растеше. Директорите на компанијата за која што работел Вајнстин, набрзо соопштија дека му врачиле отказ на продуцентот.