Лиснати цветови со сирење и маслинка
Состојки:
600 г брашно
14 г сув квасец
400 мл млако млеко
200 мл масло
1 печиво
1 лажичка сол
100 г маргарин + 50 мл масло
100 г дробено сирење + 1 белка за филување
10-ина зелени маслинки
1 жолчка за премачкување
Приготвување:
- Од наведените состојки замесете тесто. Оставете го во топла просторија убаво да нарасне.
- Размесете го неколку пати и поделете го на 8 топчиња. Секое топче расукајте го во големина на чинија и премачкајте со растопен маргарин и масло.
- Меѓу секоја коричка се става од маслото, освен на последната. Оставете го тестото да одмори околу 20-30 мин.
- Потоа со раце обликувајте го во правоаголна форма и така расукајте го. Расечете го тестото на коцки со големина 10х10 см.
- Секоја коцка се расекува на 4 дела, по страна, средината да остане цела, како на фотографиите. Во страничните делови се става од дробеното сирење со белка и двата краја се фаќаат кон средина и се спојуваат.
- Откако сите 4 краја ќе ги споите, во средина ставете парченце маслинка.
- Одозгора се премачкуваат со жолчка. Се печат на 200 степени, околу 15-20 мин.