Лани помалку изложби и уметници, повеќе посетители

Во текот на минатата година организирани се 575 ликовни изложби, и во однос на претходната година бројот е намален за два процента, објави Државниот завод за статистика.

Во тој период, за 1,9 отсто е намален бројот на ликовните уметници – учесници на изложбите, а за 20,7 отсто е зголемен бројот на посетители на ликовните изложби.

Во 2017 година се организирани 20 ликовни колонии, а бројот на учесниците, во споредба со 2016 година, е зголемен за 33,2 отсто.