Кривични за вработени во Министерството за земјоделство поради бесправна сеча на шума

Поради постапување спротивно на член 30 од Законот за шуми и бесправна сеча со која ја оштетиле државата, стекнувајќи противправна имотна корист од 4.609,482 денари, Г.Л. (52) , В.Ќ. (52), Д.М. (43), С.Н. (39), В.В. (61), Ј.З. (51), сите од Скопје и против В.Г. (58) од Тетово, вработени во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, добија кривични пријави од Секторот за внатрешни работи Струмица.

Сите се под сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На катастарските парцели 151 и 134/1 во општина Смиланци кои претходно биле во состав на Шумско-стопанската единица „Смиланска река-Лева река“ и за кои имало изготвено Посебен план за стопанисување во перидоот 2015-2024 година, усвоиле програми за стопанисување за 2015-2024 година кои биле одобрени со решенија од министерот за земјоделство. Врз основа на вака изготвените програми сопствениците издејствувале од Јавното претпријатие „Македонски шуми“ – Шумско стопанство „Плачковица“ Радовиш да добијат пет одобренија за сеча со кои исекле вкупно 4.150,9 кубни метри дрвна маса. Со посебниот план било предвидено да се исечат 1.546,7 кубни метри дрвна маса. На тој начин било овозможено бесправно да се исечат 2.604,2 метри кубни дрвна маса, вредна 4.609,482 денари.