Кејт и Меган во стилска трка: Црвено или бело?
Англија- Стилот на војвотките од Кембриџ и Сасекс повторно беше под лупа на јавноста, на прославата на Денот на Комонвелт во канадската амбасада во Лондон.
Кејт, војвотката од Кембриџ повторно успеа да нè воодушеви во стара облека. Блесна во издание кое последниот и првиот пат го носела пред пет години за време на официјалната посета во Нов Зеланд.
Прекрасниот црвен струкиран капут со двојно закопчување и милитари стил го потпишува дизајнерката Кетрин Вокер, а Кејт го искомбинира со шапка во иста боја и сива клач чанта и салонки. Впечатливиот црвен капут беше добро освежување после зелените изданија во кои се појавуваше во последно, а докажа и дека навистина нема поласкава боја од црвената.
Меган,војвотката од Сасекс, избра бела комбинација, фустан на Викторија Бекам, втор пат, и шапка со што наликуваше на стилот на ексамериканската прва дама Џеки О.