Казна до 2.000 евра за оној што нема да стане на црногорската химна


Владата на Црна Гора денеска го усвои предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за државните симболи и Денот на државноста на Црна Гора за воведување обврска за станување на присутните за време на изведувањето на химната на Црна Гора, рече министерот култура Александар Богдановиќ по денешната седница на Владата.

„Казната за граѓаните нестанување при изведување на националната химна од 300 до две илјади евра“, рече Богдановиќ.