За дами со стил: Тип-топ во зима во бело


САД- Во облачната сезона есен-зима сите носат црно. Ризикувајте и облечете бел капут, јакна или пелерина. Како што избраа славните дами, како актерката и активистка Памела Андерсон, манекенката Џиџи Хадид и актерката Оливија Кулпо. Тие со бело ги искомбинираа своите модни изгледи, кои многумина ги препорачуваат за пролетна или летна сезона.

Бел капут или јакна одлично ќе се сложува со класични парчиња како црна ролка или фармерки, но ќе биде и добар избор и за смирување на други парчиња, како металик-здолниште или фустан.