Детален неделен хороскоп
ОВЕН
Работа: Времето за одмор е завршено и сега ги гледате работите многу појасно. Размислете добро дали треба да преземете акција за да ги исправите нанесените неправди.
Љубов: Со Месечината во Стрелец ќе ги отворите прашањата кои долго време ги избегнувате, а Венера и Меркур од вашиот знак ќе ви ја дадат потребната поддршка за тоа. Излегувајте често.
Здравје: Сега е време да престанете да ги игнорирате симптомите кои ви укажуваат јасно што не е во ред. Спремни сте и волни да се соочите со сѐ што ви прави предизвик. Сега е време за тоа.
БИК
Работа: Многу е веројатно дека не сте третирани фер на вашето работно место – размислете критички и логично што се случува и не дозволувајте да ве водат емоциите. Баланс.
Љубов: Сега е добро да се прашате на кој начин сте придонеле да стигнете токму каде што сте – како настана сегашниот вакуум? Спремни сте за љубов, но треба да поставите јасни граници.
Здравје: На ова поле ви е потребен баланс и имајте предвид дека умереноста не е само за монасите, туку е важен дел во живеењето на еден разумен и здрав начин на живот. Внимание.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Планетите во Риби укажуваат дека сега не сте спремни за структуриран и формален начин на работа, но ќе мора да направите избор. Воведете си сами ред и мини-паузи.
Љубов: Немањето организација ви прави тешкотии и на ова поле. Доколку сте самите организирана и методична личност, би можеле да се заљубите во некој кој е сосема спротивен.
Здравје: Ќе ви биде потребна самодисциплина да се доведете во ред. Побарајте и второ мислење ако имате конкретни тешкотии. Запишете ги симптомите и следете ги редовно.
РАК
Работа: Меркур и Венера во Овен ви предизвикуваат одредена загриженост околу сигурноста на работното место. Немојте да сте толку загрижени – тоа ќе е контрапродуктивно.
Љубов: Ретроградниот Јупитер укажува на одреден страв во однос на љубовта – напуштете го стравот и отворете се себе на вистински начин, а што ќе ви отвори многу врати. Дружете се.
Здравје: Кога ќе ги средите емоциите, вашето здравје ќе се поправи веднаш. Сега е добро да проговорите за стравовите што ги имате и на тој начин да ги елиминирате. Верувајте и говорете.
ЛАВ
Работа: Ќе бидете горди на почнатите проекти и покрај тоа што до крајот има уште многу работа. Ако барате ангажман, ќе наидете на многу подобар отколку што сте се надевале. Среќа.
Љубов: Врските ќе се одвиваат во најголем ред, бидејќи се третирате еднакво и со љубов со вашите сакани. Во новите врски ќе имате високо мислење за новата личност. Олабавете малку.
Здравје: Планетите во вам склоните Овен и Стрелец укажуваат на поволен период на ова поле. Не двоумете се да побарате алтернативен метод на лекување ако имате некаква потреба за тоа.
ДЕВИЦА
Работа: Сонцето во Риби укажува на иницирање на долготрајно партнерство базирано на апсолутна доверба. Ќе ја зачувате својата чест и размислувате за далечни цели. Одговорност.
Љубов: После многуте разговори, сега би можеле да напредувате на ова поле. Многу е веројатно дека минувате многу време посветени на кариерата – најдете време за интимност.
Здравје: Вложените напори сега ви се враќаат стократно – успевате да ја повратите својата кондиција. Ако има потреба, може да размислите за холистички начин на лекување. Пауза.
ВАГА
Работа: Ретроградниот Јупитер ќе ви донесе среќа при справувањето со материјалните работи. Ќе ја постигнете саканата рафинираност и елеганција. Дисциплина во однос на парите.
Љубов: Доаѓаат времиња кога ќе бидете исполнети и задоволни, бидејќи постигнувате повисоко ниво на интима во врските. Ако сте сами, насмејте се, светот има нешто интересно да ви понуди.
Здравје: Неделава ќе бидете полни со виталност, надеж и оптимизам за иднината. Бидете колку што можете попозитивни и така ќе привлечете уште поголема среќа. Резултати во ваша корист.
СКОРПИЈА
Работа: Минувате низ период на трансформација – размислувате за одредени ризици, а кои би можеле да бидат откриени. Ова поле бара баланс и калкулирани чекори. Пат.
Љубов: Сонцето во Риби ви дава поддршка на ова поле, но како да немате време да го искористите тоа. Романсата бара време, простор и енергија – обидете се да го најдете тоа.
Здравје: Сега ќе треба да ги балансирате напорите вложени во здравјето, со професионалните и други ангажмани. Преземете го својот живот во раце и најдете време за одмор и негување.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Планетите во Овен укажуваат на тоа дека ќе смените тактика или можеби и ќе го напуштите досегашниот проект. Ако останете, ќе воведете нови процедури и идеи. Помош.
Љубов: Неделава ќе бидете решени да проговорите отворено за работите и на тој начин ги промените. Не се плашите да кажете што мислите и зборувајте вистина. Нешто завршува – ок е!
Здравје: Крајно време е да престанете со лошите навики, а да почнете со нови кои ќе ја подобрат вашата состојба. Внимавајте на зголемената нервоза при оваа транзиција. Вежбање.
ЈАРЕЦ
Работа: Сонцето од Риби ќе ве соочи со некаков избор што треба да го направите – проверете ги добро сите информации, а потоа решавајте. Не ја мешајте работата со љубовта.
Љубов: Се чини дека неделава љубовта ви е на прво место – ќе бидете среќни од тоа како се одвиваат работите и ќе зрачите со неодолив шарм. Животот е полн со изненадувања. Уживајте.
Здравје: Ако имате здравствени тешкотии, сега е најдобро да побарате традиционален доктор, сестра или исцелител, а на кои ќе може да се потпрете и да им верувате. Мислете добро.
ВОДОЛИЈА
Работа: Јупитер ви дава нови увиди во досегашната работа, како и инспирација и оптимизам за иднината. Може да ви се отворат нови шанси за просперитет – бидете отворени!
Љубов: Во непосредната околина може да налетате на некоја интересна личност. Не ги одбивајте поканите за излегување. Долгите врски се спремни за ново ниво на посветеност.
Здравје: Оваа недела сте во одлична кондиција и уживате во доброто време. Сега смирено и инспирирано водите грижа за себе. Доколку чекате резултати, тие ќе одат во ваш прилог. Надеж.
РИБИ
Работа: Марс во Стрелец ви ја отежнува работата и може сосема неочекувано да доживеете неуспех. Доколку сте незадоволни, може и самите да решите да напуштите – храбро!
Љубов: Месечината во Стрелец може да ви открие дека повеќе не сте задоволни од својата врска, па ќе треба да преговарате. Не ги кријте своите чувства, туку отворено кажете што не е ок.
Здравје: Би можеле да се соочите со ситни тешкотии, особено ако им се спротивставувате на промените. Немојте да се двоумите, туку вратете си го одморот, хранете се правилно и вежбајте.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ