Детален неделен хороскоп


ОВЕН

Работа: Условите на ова поле одат во нагорна линија, така што ако до сега сте биле без работа многу е веројатно дека ќе добиете ангажман, далеку подобар од очекуваното. Прогрес.
Љубов: Со поддршка од Марс во Стрелец и Месечината во вашиот знак од понеделник, може да очекувате зголемување на интимноста и радоста во вашата врска. Нова инспирација и занес.
Здравје: Би требало да се чувствувате добро бидејќи сте полни со виталност, надеж и оптимизам за иднината. Доколку чекате резултати од анализи, сметајте на поволни вести.

БИК

Работа: Многу е веројатно дека се чувствувате заглавено поради одлуки што треба да ги донесат други луѓе. Бидете трпеливи и не им се предавајте на негативните емоции. Штедење.
Љубов: Љубовното поле укажува на тоа дека интимните врски се влезени во побалансирана фаза, во која заемно се третирате еднакво. Важно е да го збогатите заедничкиот живот.
Здравје: Сега е приоритет да се прашате што чувствувате за работите, за луѓето околу вас, за случките. Разговарајте со блиските и споделете ги своите емоции. Размислувајте позитивно.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Во вашиот живот се јавува некој вид ментор кој може да ви помогне многу. Од друга страна, исто и вие би можеле да бидете повикани како учител за некоја цел.
Љубов: Се чини дека на ова поле сте задоволни, иако нештата изгледаат по малку традиционално за ваш вкус, но се чини дека за сега сте сосема среќни од таквото влијание.
Здравје: Сега ви е потребен ред или некаков ритуал во кој сосема ќе си се посветите самите на себе. Време за дисциплина и посветување на својата добросостојба. Традиционален пристап.

РАК

Работа: Со Венера во Риби доаѓате во контакт со женска личност, која има многу нежна и сочувствителна природа. Од неа ќе научите како со љубов да им пристапите на должностите.
Љубов: Ова е одличен период за љубов и романса, а кој е најдобро да го искористите во излегување и дружба со нови луѓе, каде што може да запознаете многу интересни личности.
Здравје: Доколку ви е потребна нега, побарајте ја од женска личност која ќе ви даде поддршка, особено ако се соочувате со здравствени искушенија. Размислувајте позитивно. Добри вести.

ЛАВ

Работа: Чест и задоволство поради завршување на сериозен ангажман. Триумф после период на стагнација и прославување на добрите вести. Реализација на соништата и надежите.
Љубов: Сега сте поблиски со љубените и се чини дека сте посреќни од кога било. Работите изгледаат убаво, а доколку сте сами би можеле да ја сретнете љубовта на својот живот. Интима.
Здравје: Ако сте загрижени за здравјето, сега е добар период да се опуштите. Работите не се толку лоши како што вие си мислите, а и тие околу вас. Имате силна духовна сила – таа ве движи.

ДЕВИЦА

Работа: Би можеле да се соочите со голем натпревар на ова поле. Ситни кавги и компликации, дебати и игри, како и други видови на предизвици. Сепак, дајте го најдоброто!
Љубов: Се чини дека за вашиот партнер се заинтересирани повеќе луѓе, но и вие меркате неколку опции. Добро е да знаете дека во вашата врска сте вложиле сѐ што сте можеле досега.
Здравје: Имате чувство дека сте блокирани на ова поле и не ги добивате потребните одговори. Како и да е, сепак е најдобро да причекате уште малку, а чекајќи да најдете време за одмор.

ВАГА

Работа: Месечината и Венера во знакот на Риби ќе ви дадат шанса да направите пауза и да проверите како напредувате. Донесување тешки финансиски решенија и истрајување.
Љубов: Вашиот однос со љубените се подобрува, а доколку сте сами, добро е да бидете отворени за повеќе личности освен една. Не бидете сомничави или плашливи. Сѐ е во ред.
Здравје: Се соочувате со последици од минатото, но добро е да се прашате како вие влијаете врз вашата благосостојба. Дали се гледате како болен човек или некој кој е полн со здравје?

СКОРПИЈА

Работа: Средба со авторитетна личност која може многу да ѝ помогне на вашата работа и идеи – на него може да се потпрете во секое време и покрај неговиот темперамент.
Љубов: Месечината што расте укажува на поволни исходи на ова поле и некоја личност која се грижи и ве штити во секое време. Заборавете малку на работата и потрудете се за романсата.
Здравје: Сега е важно да знаете дека не треба да претерувате во ништо и покрај големата виталност. Ако телото ви кажува да запрете, тогаш сосема сериозно направете го токму тоа.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Иако се чини дека работите не одат во ваш прилог, сепак причекајте бидејќи ќе има промени. Дозволете да се чујат и вашиот глас, идеи и начин на работа. Бидете креативни.
Љубов: Ова е прилично потентно време и може да сфатите дека одеднаш сите се заинтересирани за вас. Постојните врски се продлабочуваат. Внимавајте на емотивниот занес.
Здравје: Нешто ве обременува и ви создава немир. Прашајте се што ви кажува вашето тело и размислете за натуропатски или хомеопатски пристап за лекување. За некои е можна бременост.

ЈАРЕЦ

Работа: Се чини дека се нервирате поради нечесноста на другите или жалите што сте учествувале во некој забранет чин. Неизбежна вина, недоверба и дилеми. Нов ангажман.
Љубов: Нешто ви смета во вашиот однос. Не игнорирајте ги овие чувства, туку разговарајте отворено за она што ви се чини нездраво. Не само се сомневајте, туку поставувајте прашања.
Здравје: Сега е особено важно да внимавате какви супстанци користите – алкохол, лекови на своја рака или премногу цигари – и намалете го ризичното однесување. Намалете го стресот.

ВОДОЛИЈА

Работа: Некои работи доаѓаат до својот крај. Можеби некој се однесуваше лошо со вас, но не ја трошете својата енергија размислувајќи за одмазда. Почекајте и не се предавајте.
Љубов: Нешто во љубовната ситуација се чини дека не е во ред и дека не оди како што треба. Сега е време да си поставувате прашања, да ја прифатите реалноста и да се соочите со себе.
Здравје: Можеби мислите дека здравјето не ве служи онака како што сакате, а тоа е причина повеќе да побарате соодветен специјалист или исцелувач во чии методи ќе верувате целосно.

РИБИ

Работа: Со Марс во Стрелец би можеле да соработувате со некоја личност која е груба и нечувствителна. Ви досадува, но и вие сте пречувствителни. Тој си работи – вие поставете граници.
Љубов: Во однос на љубовта, би можеле да се сретнете со некоја силна и умислена личност, а најдобро ќе биде да ја покажете својата мека страна. Не им дозволувајте да ве малтретираат.
Здравје: Ако се сомневате во нешто, најдобро е да побарате традиционален совет т.е. доктор, кој ќе побара основни анализи. Едуцирајте се што повеќе и учествувајте активно во третманот.

Ирена Танчева

[email protected]