Детален неделен хороскоп


ОВЕН

Работа: Со ретроградните планети во Јарец, би можеле да се соочите со финансиски грижи, а кои ќе доведат да преземање мудри потези. Тешкотии, но и база за духовен раст.
Љубов: Неделава може да се соочите со ситуации кои го кочеле вашиот развој на ова поле, па одеднаш ќе одлучите да бидете поотворени и толерантни. На овој начин ќе ја вратите љубовта.
Здравје: Без видлива причина сега се чувствувате подобро и доаѓате до заклучок дека преголемата загриженост за здравјето доведува до контрапродуктивност. Ослободете се малку.

БИК

Работа: Со Сонцето во својот знак, доаѓате во прв план и сега сте набљудувани од претпоставените кои го ценат вашиот напор и вложувања. Очекувајте добри вести и работа.
Љубов: Сега е многу важно да знаете што сакате од своите врски и да ги направите првите чекори во остварувањето на своите желби. Внимателно и постојано водете ги овие работи.
Здравје: Заштитени со Сонцето и Венера, сега е добро да го фокусирате своето внимание кон иднината, наместо да прераскажувате за хроничните болести. Се ќе биде во ред, опуштете се.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Месечината минува низ вашиот знак и ви чини своевиден немир – добро е да земете слободно време и да отпатувате некаде на кратко. Можно откривање на мали тајни.
Љубов: Сега е потребно а најдете повеќе време кое ќе го минете со своите сакани. Имајте во предвид дека љубените се под можен стрес и преголема работа, па не го примајте тоа лично.
Здравје: Ако најдете сила да ги оставите самоограничувачките верувања зад себе, ќе сфатите дека вашата кондиција се поправа скоро веднаш. Не се форсирајте, нема потреба за тоа. Одмор

РАК

Работа: Со повеќе ретроградни планети се чини дека се соочувате со некаков губиток или одолговлекување. Сѐ ќе се одвива бавно, но бидете трпеливи и фокусирајте се на позитивното.
Љубов: Доколку се распаднала вашата врска, треба да сфатите дека не е сѐ загубено – потребно ви е време и простор, па потоа ќе видите како ќе продолжите понатаму. Сѐ ќе се заврши добро.
Здравје: Сега е критично да го задржите позитивниот став и да не им дозволите на емоциите да варираат до тој степен. Проговорете за тоа што ве мачи, отколку да го чувате трулежот во себе.

ЛАВ

Работа: Оваа недела би можеле да се соочите со некоја помлада машка личност, која што го бутка носот во вашите работи – внимавајте на можните конфликти и пораки кои ги добивате.
Љубов: Кога станува збор за љубовта, нужно е да внимавате како говорите со своите љубени – можеби работите кои ги слушате носат скриена порака? Внимавајте на непотребно дрдорење.
Здравје: Може да дојдете до информации кои иницијално ќе ве загрижат. Сепак знајте дека сѐ не е онака како се чини, па побарајте второ мислење ако треба да правите сериозен потфат.

ДЕВИЦА

Работа: Со прекрасна поддршка од Сонцето во Бик и Месечината во Близнаци сфаќате колку сте неопходни на своето работно место. Се движите во добра насока и продолжете така.
Љубов: Можеби се грижите за вашата романса, но навистина нема потреба. Венера од Бик поволно влијае врз сите ваши врски. Не саботирајте се со правење на проблеми кои ги нема.
Здравје: После подолго време сте во добро расположение и се чувствувате добро. Доколку се соочувате со генетска болест, олабавете се малку бидејќи со грижа нема да смените баш ништо.

ВАГА

Работа: Планетарната слика укажува на тоа дека едноставните грешки може да доведат до сериозни проблеми. Внимавајте на важните документи, информации и чувајте ги добро.
Љубов: Можеби ќе посакате да разговарате за важни прашања која ќе ја придвижи вашата врска кон поголемо задоволство. Комуницирајте смирено и добро и сѐ ќе заврши сосема во ред.
Здравје: Нешто во вашиот живот е во дисбаланс и тоа може да предизвика здравствени предизвици. Размислете што е тоа – дали јадете премногу или премалку? Вежбате? Спиете?

СКОРПИЈА

Работа: Ретроградниот Јупитер во вашиот знак укажува на секаков вид на дисбаланс – заведени сте од материјалниот свет кој ве одведува од шансата за стабилност и комфор. Фокус!
Љубов: Планетите во Бик ве водат во светот на луксузот, развратот и физички задоволства – внимавајте на алчноста и љубомората во сегашните врски. Бидете тим и не правете сцени.
Здравје: Имајте во предвид дека не треба да потрошите цело богатство за да бидете здрави – со едноставни работи може да ја подобрите својата кондиција – одмарајте и хранете се добро!

СТРЕЛЕЦ

Работа: Со Месечината во Близнаци добро е да видите како придонесувате во работата, наместо да очекувате награда од авторитетите. Пофалете ги колегите со кои работите.
Љубов: Еден од вас ја зема вашата врска здраво за готово – ова мора да се смени ако сакате врската да потрае. Најдете време секој од вас да мине во осаменост, каде што ќе најдете одговори.
Здравје: Сега е време да се опуштите и да појдете некаде во природа на викенд и да уживате во едноставноста на животот. Чеканите анализи ќе ги добиете на време со позитивен исход. Мир.

ЈАРЕЦ

Работа: Со Марс во својот знак и Сонцето и Венера од Бик доаѓате до неочекувана материјална добивка – поставување на основи за реализација на своите соништа во реалност.
Љубов: Вашата љубовна врска се одвива прекрасно и повторно се поврзувате меѓусебно – убаво време минато со познати луѓе и забава со нови личности кои се потенцијални партнери. Среќа.
Здравје: Сега е време за превентива – што може да се спречи, најдобро е да не се лекува – затоа внимавајте да се одмарате доволно, да вежбате и храните соодветно. Здравјето се чини добро.

ВОДОЛИЈА

Работа: Ако некогаш сте сакале да почнете свој бизнис или проект, сега е идеално време да размислите посериозно за тоа. Застанете храбро, бранејќи ги своите убедувања. Сила.
Љубов: Месечината транзитира низ вашето поле на љубовта и сега е време да дискутирате отворено со саканите за тековните работи. Зборувајте, па слушајте што кажува другата страна.
Здравје: Се чини дека сега сте загрижени непотребно – дури и да се соочувате со сериозни тешкотии, најдобро ќе биде да го зачувате позитивниот став и да ѝ верувате на интуицијата.

РИБИ

Работа: Без оглед дали работите за себе или за друг, сега е многу важно да се покажете во најдобро светло – бидете фокусирани, вредни и методични и така ќе освоите многу симпатии.
Љубов: Дали ви е здодевно во вашата партнерска врска? Најдобар начин да го решите ова е преку разговор, да побарате што ви треба и да се обидете да го добиете. Имате поголем избор.
Здравје: До сега ги направивте нужните промени и сега минувате низ период во кој имате добра кондиција. Вежбајте, хранете се добро, земајте витамини и минерали – дишете длабоко!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]