Дачиќ: Замрзнатиот конфликт на Косово може да предизвика прогон на Срби


Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ нагласи денеска дека замрзнатиот конфликт на Косово може да предизвика прогон на Срби од таму и забавување на европските интеграции.

Во изјава за ТВ Пинк, Дачиќ рече дека замрзнатиот конфликт може да предизвика повторување на „хрватското сценарио“ – Албанците да упаднат на север во Косово и да ги протераат Србите со премолчена согласност на меѓународната заедница.

– Србија тогаш би била пред важно прашање што да направи? Дали да ги брани Србите,д а интервенира и да влезе во судир со КФОР, НАТО, и тоа значи дека тој судир може да се прошири. Доколку се случи судир, прашање е на кого може да смета Србија, дали тоа значи наше обраќање до Русија, нагласи Дачиќ.

Тој вели дека знае оти уште од времето на Милошевиќ доколку Србија не може да се победи од надвор тогаш да се направи од внатре со фомирање одредени политички сили. Според него, до крајот на годината се очекува бројот на држави што ја признале независноста на Косово да биде по 100.зш/11:43

###