Гучи му рече НЕ на крзното
ИТАЛИЈА- Луксузниот италијански бренд “Гучи“ нема повеќе да користи вистинско крзно од животни во своите колекции, почнувајќи од колекцијата пролет-лето 2018, најави управата. “Гучи“ стана член на “Fur Free Alliancea“ (Коалиција на 40 организации за заштита на животни) која се фокусира на спречување на суровост кон животните. Сите досегашни модели кои можат да се купат на онлајн на брендот со животинско крзно, ќе бидат продадени на аукција, а заработката ќе биде донирана на Коалицијата.
Со овој потег, Гучи ќе се придружи на останатите луксузни модни брендови кои кажаа не на крзното; Армани, Ралф Лорен, Томи Хилфигер, Хуго Бос и Стела Мекартни.