Во Португалија изложено чоколадо од речиси 8.000 евра


Најскапото слатко задоволство на планетата произведено во ограничено издание – 1.000 чоколадни бонбони во вредност од 7.728 евра по парче е изложено во Португалија.

Секоја бонбона е покриена со злато што се јаде, а чоколадата се чува од униформирани лица.

Чоколадните бонбони се преполни со шафран, бел тартуф, ванила од Мадагаскар и златни летоци.

Творецот на чоколадото, Даниел Гомез рече дека чоколадата во форма на дијамант влегла во книгата на Гинис како најскапа во светот.

Чоколадното пакување е во форма на круна и е украсено со 5.500 кристали „Сваровски“.