(Видео) Снег го парализира североисточниот дел на САД
Силна снежна бура го погоди североисточниот дел на САД и предизвика откажување на повеќе од 580 летови, затворање на училишта, а во Минеаполис е регистрирана најниска температура.
Снежното невреме најтешко го погоди Бостон, каде што паднаа околу 40 сантиметри снег и предизвика хаос на меѓународниот аеродром Логан, како и на њујоршкиот аеродром Ла Гвардија и меѓународниот аеродром во Њу Џерси.
Во Њу Џерси, тешкиот и влажен снег остави повеќе од 15.000 домови без електрична енергија.
Последниот продор на арктички воздух предизвика голем пад на температурите во повеќе места во САД.