(ВИДЕО) Моќниот тајфун Мангхут ги погоди Филипини


Моќниот тајфун Мангхут ги погоди Филипините, соопштија  локалните метеоролошки служби.

Невремето беснее на североисточното крајбрежје на земјата со ветер со брзина од 205 километри на час.

Тајфунот дошол на копно во 01,40 часот, во сабота, по локално време, во реонот на крајбрежниот град Багао во провинцијата Кагајан. Областа е подложна на поплави и лизгање на земјиштето.

Повеќе од пет милиони луѓе се загрозени од невремето.

Центарот за предупредувања за тајфуни го категоризираше Мангхут како супертајфун, со ветрови и налетите како оние на ураганите од петти степен во Атлантскиот Океан.