(ВИДЕО) Бигорски со видео посветено на Прочка и Велигденскиот пост
Македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир, пред празнкот Велкпоклад Прочка,д ен пред Велиденски пости подготви видео со наслов „Умилителна Вечерна на простувањето – Прочка во Бигорски“.
Во него се искористени материјали од минатогодишното празнување во Бигорски, за време на Неделата на простувањето – Прочка.
-Пред нас е прекрасната Недела на простувањето – Прочка, ден во кој секој од нас е повикан да го отвори своето срце и да ги рашири своите раце за да ги прегрне сите луѓе, преку големото дело на простувањето. Зашто, нема ништо поубаво од тоа да се поттикнат благородни чувства во душата на секој човек, велат од Бигорската обител.
Од особено значење е тоа дека, богослужбата од ваков вид, всушност е една древна традиција која оставила силен впечаток меѓу нашиот народ.
На тој ден луѓето се охрабрувале да си подадат рака и да си простат и одново го започнувале своето пријателство. Еден од друг, молејќи за прошка, се соединувале преку љубовта, единството и братството, за очистени да го започнат Големиот Велигденски седумнеделен Пост.