Брз американски колач
Состојки:
Тесто
250 г маргарин
6 жолчки
300 г шеќер
300 мл млеко
300 г брашно
1 кесичка прашок за печиво
фил
400 г џем од кајсии
6 белки
12 лажици шеќер
Приготвување:
Најпрво ги двоиме посебно жолчките, а посебно белките. Во еден сад ги матиме жолчките со шеќерот, па потоа го додаваме маргаринот кој претходно сме го оставиле на собна температура. Матиме убаво, а потоа ги додаваме млекото, брашното и печивото.
Се мати да се изедначи смесата убаво и се пече во подмачкана правоаголна тава бр. 40 на 180 степени околу 30 минути.
Додека се пече колачот, ги матиме белките со шеќерот сѐ додека не се направи густ шлаг (шам).
Кога тестото ќе зарумени, се проверува со чепкалка. Ако е суво, го вадиме тестото и го премачкуваме со џемот.
Одозгора се премачкува со шлагот од белки и го враќаме во загреаната рерна, но исклучена. Колачот стои во рерната само 5 минути за да фати кора, ако стои подолго белката може да спласне.
Се вади од рерна, се остава убаво да се излади, а потоа се сече на коцки. По желба може да се декорира со ореви или со чоколадо.