Божиќ со мирис на марципан

Колку свечен ден бил Божиќ во семејството Кардула, со подготовки што траеле долго, но и со најубавите слатки, потсетува Зоран Кардула кога целото семејство воедно го славело именденот на неговиот татко.

Старата градска божиќна традиција прекрасно е опишана во неговиот фејсбук-статус:

„Божиќ едноствно ме потсеќа на именденот на татко ми и марципанот. Тие сеќавања до ден денес ми се свежи и ме потсеќаат на едно убаво време, време на моето најрано детство. Имендените во тоа време беа доста значајни и свечен чин. Припреми се правеа месец дена порано. Се чистеше од корен цела куќа, се менуваа килими и стазите за по скалите( имаше посебни килими и стази за именден) се ставаа нови драпери во салонот каде се чекаше именденот. Мебелот до перфекција исполиран. Сите домашни имавме нова гардероба, шиена месец дена порано и обавезно лаковани чевли. Мајка ми, тетка ми , стрина ми и сестрата на баба ми со фризури ден претходно направени кај тета Зорка ( фризерницата која беше карши нас). Салтките за именден направени 2 дена претходно тоа беше посебна приказна. Прекрасни и строго се знаеше кои слатки се прават за овој именден, марципанот мораше да биде со осијечко млеко во прав и незнам точно кој путер се користеше, па бајадера, па ролат со рум и путер, па г’алињац па бомбиците.

Негде негде околу 5 саат сите спремни качени во салонот, осветлен и среден со столиците околу зидовите, на средина стоеше салононската маса со разни цигари и пепелари на неа, вратите од сите 6 спални отворени и сите наместени до перфекција и осветлени со столни ламби. На чело во салонот стоеше баба ми во црно облечена ( од 1939 година беше во црно кога почина дедо ми па се до нејзината смрт 1987 година) до неа тетка ми и од десната страна стоеа моите а од левата страна чичко ми со тетка ми. Братуцетка ми Цули беше задолжена за послужување. Јас брат ми и братучед ми се мавтавме обично околу слатките и скришум си земавме и се криевме негде.
Кога доаѓаа гостите се поздравуваа со домаќините па седнуваа, прво се послужуваа со чоколади па потоа со таблата ( послужавникот со слатки). Тој изгледаше како уметничка инсталација. Прво се редеа на помал послужавник слатките со следниот распоред марципанот во триаголна форма, па бајадерата во правоаголна форма , елипсовидна форма на ролатот со путер и рум, па галињ’ац во чудна форма во зависност од кршените ореви и на крај бомбиците во форма на топка. Позади нив во мали кристални чаши се ставаше ракија а позади нив во исто така кристални чаши се ставаше сок и вино. Се послушуваше по два пати. Гостите отприлика околу 10 минути остануваа и си одеа. Е така отприлика беше божиќ кај нас. А мирисот на марципанот е тој кој ме потсеќа на тоа време. Внук ми денес има именден да му е честит а марципанот секако ќе го има и денес на послужавникот за гостите“.

<iframe src=”https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fzoran.cardula%2Fposts%2F1915224861853171&width=500″ width=”500″ height=”288″ style=”border:none;overflow:hidden” scrolling=”no” frameborder=”0″ allowTransparency=”true”></iframe>