Бегалски бран од Авганистан ѝ се заканува на Турција


Турската дирекција за безбедност предупреди дека големи мигрантски групи од Авганистан се движат кон турска територија. Според податоци на миграциските служби, дневно по околу 500 бегалци ја преминуваат турската граница, и покрај зајакнатите безбедносни мерки.

За само три месеци во Турција влегле околу 20 илјади лица од Авганистан. Во периодот од 26 март до 1 април пристигнале повеќе од три илјади луѓе. Во врска со ситуацијата во Ерзурум, функционира Дирекција за борба против илегалната миграција.

Според информации на турските служби за безбедност, Авфганистанците влегувале со други големи мигрантски групи. Авганистанците пристигнувале во Турција од Иран, а потоа пеш преку пограничните источни области Ван, Јагдар, Агрја и Хакјари, пристигнувале во Ерзурум. Таму надлежните им обезбедувале транспорт за 500 долари од човек, за да ги пренеат до Истанбул или западните граници со Бугарија и Турција од каде би продолжиле кон Европа.

Еден дел од мигрантите од Авганистан, меѓу кои имало жени и деца, останувале во Истанбул, каде според локалната полиција, се занимавале со кражби, проституција и работеле илегално во градежништво.