Ѝ Мицкоски се сретна со славниот тенор Доминго


По првата проба од затворен карактер со Оркестарот на Националната опера и балет, веднаш по слетувањето во Скопје, шпанскиот тенор со светска слава Пласидо Доминго, попладнево се сретна во неговиот кабинет и со премиерот Мицкоски и со министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Националната опера и балет објави инфо од средбата на својата ФБ страница. 

„Денес, директорот на #НОБ, Оливер Арсовски, Министерот за култура, Зоран Љутков и тенорот Пласидо Доминго се сретнаа со Премиерот, Христијан Мицкоски.
Му благодариме за топлиот прием.
Ова доаѓање на Доминго не е обичен концерт – ова е историски момент за македонската културна сцена.
 
 
 
 
 
 
Премиерот, пак на својата ФБ страница за средбата напиша: „Ми беше задоволство да разговараме за нашата култура, музика и заеднички да испратиме порака на разбирање, толеранција и заемна почит“.
Доминго утревечер (петок) за првпат ќе одржи концерт во Скопје, во салата „Борис Трајковски” од 21 часот. На концертот во Скопје ќе настапи и италијанската сопранистка Марија Жосе Сири, а ќе диригира Жорди Бернасер од Шпанија.Концертот ќе биде во два дела. Во првиот дел ќе бидат изведени популарни оперски арии од италијанската литература, од Пучини, Верди, Белини…, а во вториот, дела арии од шпанската литература и дела од Штраус  и Лехар.