Харадинај на Рама: Развиј ја Албанија, не ни продавај ум нам во Косово
Косово нема потреба од лекции од никого, рече косовскиот премиер Рамуш Харадинај коментирајќи ја изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за заеднички претседател на Албанија и Косово.
– Му кажав на Еди Рама дека може да си продаваме ум еден на друг колку што сакаме. Еди Рама ќе му помогне на Косово само со развој на Албанија, изјави Харадинај во Митровица.
Тој додаде дека нема смисла да се влегува во непотребни дебати „бидејќи сме браќа“.
– Но, треба да сфатат дека Косово има човечки капацитети луѓе, не може да доаѓаат да ни држат лекции. Го сакаме нашиот народ. Но, многу е позначајно да ги завршиме нашите обврски, посочи Харадинај.