(ФОТО/ВИДЕО) Самсунг претстави нов телевизор: Со 8к резолуција како да гледате во живо, а не на екран


Пристигнува новиот телевизор на компанијата „Самсунг електорникс“, а тоа е „QLED“ кој има 8к резолуција и секоја секунда која ја гледате на екранот е толку реална што имате чувство дека сето тоа се случува во реален живот. Овој новитет на „Самсунг“ беше претставен на годинешниот Саем за потрошувачка електроника „ИФА“ во Берлин.

Екипа на „Независен весник“ од лице место ги тестираше продуктите кои Самсунг ги прикажа како дел од своите последни иновации.
„QLED 8K“ моделот на Самсунг, со “8K AI“ зголемување на резолуцијата, е дел од долгорочната визија на Компанијата за воведување на 8К резолуција како единствена на пазарот која нуди најпрецизна и најточна слика на екранот.

Според Милан Вујовиќ, првиот човек на „Самсунг електроникс“ за јадранскиот регион, во кој се наоѓа и Македонија претставена е унапредено хардверско-софтверск решение со употреба на вештачка интелигенција.

-Револуционерната работа која ја презентиравме на ИФА Берлин е тоа како ја гледаме иднината преку употреба на телевизорот. „QLED“ телевизорот на својот екран сликата или содржината ја претвора во 8к резолуција. Тоа значи дека HD содржината или 4К содржината кој влегува како извор на самиот телевизор ќе биде претворен во 8К содржина што досега се користеше само во големите филмски студија. На овој начин покажуваме како ние како компанија преку употребата на вештачката интелигенција работиме на подорбување на содржината која се емитува, но не само на сликата туку и на тонот – вели Вујовиќ.

Во моментов нематочен податок кога ќе биде пласиран производот на пазаротво Југоисточна Европа, односно и во Македонија, но од „Самсунг“ очекуваат тоа да се случи до крајот на годинава.

-Освен тоа што го видовме како совршена слика и тон, ние понудивме и технички решенија кои се однесуваат на телевизорот кога тој е изгасен. Нема повеќе да биде само обична црна кутија која стои на ѕидот, туку тоа е уред кој ќе има содржина и во моментот кога не работи. Тоа може да биде некоја ваша фотографија, уметничка слика или да ја емитува истата позадина на која е поставен. На овој начин покажуваме како ние ја гледаме иднината кога се во прашање телевизорите-вели Вујовиќ.

Со ова уникатно решение им с еостава простор на луѓето да бидат покреативни и како што вели Вујовиќ, сега се нуди можност омиленото уметничко дело да го имате и на самиот телевизор кој е поставен на ѕидот во домот.

Новиот „Q900R QLED 8K“ телевизор со „8K AI“ зголемување на резолуцијата за љубителите на совршен екран ќе биде достапен во четири ултра-големи различни димензии и тоа 65”, 75”, 82” и 85”. Овој модел е дел од долгорочната визија на „Самсунг“ за воведување на 8К резолуција како единствена на пазарот која нуди најпрецизна и најточна слика на екранот.

-Ние во Самсунг неуморно работевме во текот на годинита за да ја придвижиме индустријата напред кога станува збор за премиум квалитет на сликата, а воведувањто на нашиот „QLED 8K“ со „8K AI“ зголемување на резолуција е дел од иднината на дигиталните екрани. Возбудени сме да го претставиме новиот „Q900R“ на потрошувачите и воедно сме убедени дека тие нема да доживеат ништо помалку од слика во јасна и брилијантна боја како и одличен звук на нашите нови 8K модели – изјави Јонгсук Чу (Jongsuk Chu), Сениор Потпретседател на Бизнисот со Визуелни Екрани во „Самсунг Електроникс“.

За да се постигне слика со “8K“ квалитет, Самсунг “Q900R” нуди реална 8К резолуција со 4000 нити највисоко ниво на осветленост – стандард кој го исполнуваат поголемиот дел од филмските студија низ светот.

Оваа функција овозможува телевизорот да произведе четири пати повеќе пиксели од обичен “4К UHD“ телевизор, и 16 пати повеќе пиксели од “FHD“ телевизор. “Q HDR 8K“ моделот надополнет со “HDR 10 +“ технологијата, ги оптимизира нивоата на осветленост на телевизорот и произведува беспрекорни бои и слики. Оваа технологија е вградена со цел сликата да биде доловена онака како што би изгледала во живо.

Претседателот и извршен директор на Дивизијата за потрошувачка електроника на „Самсунг Електроникс“, ХС Ким вели дека се целосно посветени да им обезбедати на потрошувачите врвни производи и услуги кои ги обединуваат вештачката интелигенција и „ИоТ“ базирани телевизори, екрани, апарати за домаќинство и мобилни уреди.

– Се стремиме да ја обликуваме новата ера на поврзано живеење во чии рамки нашите производи и услуги ‘комуницираат’ беспрекорно со цел да го направат животот на нашите потрошувачи побогат, попаметен и позабавен – изјави ХС Ким.

Самсунг го претстави и „The Wall“ – модерен Микро ЛЕД екран дизајниран за компании и употреба надвор од домот, како и новиот 49-инчен модел од линијата „The Frame“ збогатен со функција за едноставно откривање овозможувајќи им на корисниците едноставен пристап до специјално куратирани уметнички дела кои може да бидат прикажани на екранот без притоа да мора да пребаруваат низ стотиците опции.

Воедно, продавницата за уметнички дела за овој модел на екран продолжува да ја проширува својата понуда, со повеќе од 850 дела од некои од најреномираните уметнички институции, меѓу кои Државниот Музеј во Берлин (Berlin State Museum), Музејот “Викторија и Алберт“ (Victoria & Albert Museum) и „Тат“ (Tate).

Ивана Настеска