Три месеци ќе се бараат решенија за линданот во Охис
Работна група што Владата ја формираше на вчерашната седница, во рок од три месеци треба да информира за можните решенија на проблемот со линданот во АД Охис – Скопје . Во состав на работната група се генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку и министерот без ресор Аднан Ќахил.
Токсичниот отпад депониран во дворот на ОХИС е остаток од производството на пестицидот линдан, кој се произведувал во фабриката и од 2009-та е забранет за производство. Овој отпад е една од жешките еколошки точка во Македонија.