Тренерот на Рома ја скрши дланката радувајќи се на израмнувачки гол


Тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо, се повреди на натпреварот против Аталанта од второто коло во италијанското првенство, кој заврши со реми 3:3.

Ди Франческо на стадионот „Олимпико“, при постигнувањето на израмнувачкиот гол на Костас Манолас во 82-та минута за 3:3, удирал со раката во пластичната заштита на клупата за резерви и скршил неколку коски на дланката.

Како што објавија италијанските медиуми 47-годишниот тренер денеска бил опериран на една од клиниките во Рим.