Трамп: Америка никогаш нема да се потчини на тиранија
Американскиот претседател Доналд Трамп истакна денеска, по повод 17 години од терористичките напади на Ал Каеда, дека „Америка никогаш нема да се потчини на тероризмот“.
Трамп ја упати пораката од полињата близу Шенксвил во Пенсилванија, каде се урна киднапираниот авион од Калифорнија во 2001 година.
Пред точно 17 години, 19 киднапери во самоубиствена акција киднапираа четири авиони. Два киднапирани авиони удрија во двете кули на Светскиот трговски центар на менхетн, третиот во Пентагов, а четвртиот, по неуспешниот обид на патниците да ги совладаат киднаперите, се урна во руралниот дел на пенсилванија.
На тоа место во Шенксвил, во саботата беше откриен споменик во знак сеќавање на жртвите.
– Ова поле е сега споменик на американскиот пркос. Овој споменик сега е порака до светот: Америка никогаш нема да се потчини на тиранија!, изјави Трамп во обраќањето пред семејствата на жртвите од авионот на летот 93.
– Овде сме да оддадеме почит на 40 патници и членови на екипаж од летот 93 кои се исправија, се спротиставија на непријателот, ја презедоа контролата над својата судбина и го сменија текот на историјата, потенцираше американскиот претседател.