„Тесла моторс“ губи по 6.500 долари во минута


Компанијата на Илон Маск, „Тесла моторс“, губи 6.500 долари во минута, пренесуваат светските медиуми.

Според агенцијата Блумберг, тоа е алармантно за релативно младиот производител на автомобили кој наскоро треба да ги објави своите резултати за првиот квартал. Се очекува резултатите да бидат лоши.

Компанијата има околу 3,5 милијарди долари на сметка, плус кредити, но, сепак Маск верува дека „Тесла“ конечно ќе почне да заработува повеќе отколку што троши.

Акциите на „Тесла“ се намалија за 24 отсто, а компанијата е далеку под своите цели за производство на „модел 3“.

„Тесла“ пребрзо ги троши финансиите, нема дополнително финансирање и постои ризик да остане без пари во 2018 година.