Стивен Сигал пристигна во Москва да ја бодри Хрватска


Холивудскиот актер Стивен Сигал пристигна во Москва за да го следи полуфиналниот натпревар од Светското фудбалско првенство меѓу Хрватска и Англија. Во куса изјава за фоторепортерите кои го уловија додека шеташе по „Црвениот плоштад“, тој порача дека ќе навива за Хрватите. Медиумите јавуваат дека атмосферата во главниот град на Русија е фантастична, по десет илјади навивачи на обете земји го окупираа центарот и полека се подготвуваат кон стадионот „Лужники“. Натпреварот почнува во 20 часот. Според обложувалниците, Англичаните се фаворити: за нивна победа е истакнат коефициент од 2.20, а за победа на „коцкестите“ од 3.60.

Во првото полуфинале одиграно вчера, Франција ја совлада Белгија со 1-0. Натпреварот за третото место се игра во сабота, а големото финале е закажано за недела од 17 часот.