Славниот актер Бред Пит најави дека ќе живее без секс


Познатиот холивудски актер Бред Пит одлучи целосно да го промени начинот на живот и да се одрече од сите пороци, а наводно на пријателите им се доверил дека цела година ќе ја помине во целибат.

Бред Пит, како што пишуваат американските таблоиди, нареднава година ќе ја живее без секс, алкохол и без ноќни излегувања. актерот, почнал да оди и на терапија и редовно тренира и се храни здраво. тој веќе е видно и ослабнат откако изгуби десетина килограми.

Разводот со Анџелина Џоли за него беше најболниот момент во животот и се уште не го го преболел тоа.