Скот: Можно е годинава да биде постигнат компромисот помеѓу Белград и Приштина
Американскиот амбасадор во Србија, Кајл Скoт денеска изјави дека дијалогот Белград – Приштина треба да влезе во поинтензивна фаза и изрази надеж дека компромисот ќе биде постигнат „можеби дури и годинава“.
Тој за Радио-телевизија Србија (РТС) нагласи дека е јасно дека ниту Белград ниту Приштина нема да добијат се што сакаат, туку дека е важно двете страни да дојдат до компромис.
– Затоа е толку важан овој дијалог кој го води Европска унија. Мислам дека мора да се влезе во поинтензивна фаза, јас се надевам дека ќе дојде до компромис, можеби дури и годинава“, посочи Скот.
Тој додаде дека компромисот не е грд збор, како и оти компромисите се столб на меѓународната политика.
Скот истакна дека неговиот сон за Србија е земјата да живее во мир, стабилност и добри односи со своите соседи.