Скопје ќе се чисти во голема акција


Град Скопје од денеска почнува голема акција да се исчистат улиците, со цел да се намали загаденоста. Акцијата ќе почне денес во општина Бутел и ќе се спроведува во следните 20-тина денови.

-Град Скопје во соработка со Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика ангажира стотици невработени лица кои заедно со надлежните јавни претпријатија ќе се вклучат во акцијата. Тоа е една од краткорочните мерки против загадувањето на Скопје оваа зима- изјави градоначалникот Петре Шилегов.

Според него, загадувањето се должи и на наталожената прашина на скопските улици, за која рече дека со години стои неисчистена.

-Предвидени се по ден – два чистење во секоја општина во зависност од нејзината големина. Откако ќе завршиме со општините, ќе се чисти кејот на реката Вардар. Ги повикуваме сите граѓани, општествено одговорни компании, невладини организации, да се вклучат во акцијата – повика Шилегов.