Се ожени раперот Пуша Т: Фарел Вилијамс модерен кум


САД– Славниот рапер и текстописец Теренс Торнтон познат како Пуша Т се ожени со долгогодишната девојка Вирџинија Вилијамс по 11 години врска во неговиот роден град Бич во Вирџинија, во историскиот хотел „Каваљер“.  Теренс, кој е претседател на музичката компанија на музичарот Кање Вест, беше облечен во костум на „Диор“, а невестата во „Марчеза“.

На свадбата на раперот кој е еден од најславните текстописци во хип-хоп музиката беа поканети над 150 гости, меѓу нив и музичарот и продуцент Фарел Вилијамс кој беше во улога на кум, и Кање Вест со сопругата Ким Кардашијан. Вест му го продуцираше и последниот албум на Теренс „Дејтона“.