САД ќе почнат процес за екстрадиција на директорката на „Хуавеј“


САД ќе почнат процес за службена екстрадиција на директорката на „Хуавеј“ Менг Ванжу од Канада, изјави канадскиот амбасадор во САД Дејвид Мекнотон, што е чекор кој дополнително ќе ги отежне односите со Кина.

Во интервју за канадски медиуми, Мекнотон рече дека САД и најавиле на Канада дека бараат нејзина екстрадиција, но не прецизира кога САД ќе го поднесат барањето. Рокот за барањето за екстрадиција е 30 јануари, 60 дена откако Менг заврши во притвор на 1 декември во Ванкувер.

Менг, која е ќерка на основачот на Хуавеј, Рен Женгфеи, беше уапсена на барање на САД поради наводно кршење на американските санкции против Иран.

Таа беше ослободена со кауција минатиот месец, а на суд во Ванкувер ќе се појави на 6 февруари.