Русија на пенали ја елиминира Шпанија
Домаќинот Русија е изненадувачки четврфиналист на фудбалскиот шампионат. Против Шпанија се бранеа цело време, но издржаа, а потоа и преку пеналите успеаја да обезбедат пласман меѓу осумте најдобри. „Фуријата“ поведе во 12 минута преку автоголот на Игнашевич, а „зборнаја“ израмни во 31 минута со голто на Ѕјуба од пенал откако Пике играше со рака во својот шеснаесетник. Следуваше здодевен фудбал, а во пенал-рулетот, голманот на Русија, Акинфејев ги одбрани на ударите на Коке и на Аспас, додека сите негови четворица соиграчи беа прецизни од белата точка. Во четврфиналето, Русија че игра со победникот од мечот меѓу Хрватска и Данска.