Ратификацијата на границата во рацете на Српска листа


Претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весели, за утре во 11 часот закажа седнца на која на дневен ред е Ратификацијата на договорот за демаркација на границата со Црна Гора.

Врз основа на изјавите од политичките субјекти застапени во законодовниот дом, обезбедени се 78 гласови и тоа оние на Демократската партија, Демократскиот сојуз, Алијансата за иднината на Косово, Иницијативата за Косово, како и оние на Алијасата за ново Косово и пратениците од немнозинските заеднци.

Имајќи во предвид дека е потребно двотретинско мнозинство од вкупно 120 пратенци и категорчниот став „против“ на Движењето Самоопределување, судбината на демаркацијата сега е во рацете на Српска листа, чиј став сеуште не е познат, иако претходно тоа го условуваше со формирањето на Заеднцата на српски општини.

– Доколку Српска листа не го даде гласот, Косовците остануваат и понатаму изолирани. Претставницина партијата се на консултации во Белград и се уште нема информации како ќе делуваат во парламентот, објави електронското издание на приштинскиот весник „Газета експрес“.

Истиот извор додава дека „за изолација“ се пратениците на Самопределување заедно со отцепеното крило на Малиќи, кое сега е надвор од партијата.

Американскиот амбасадор Грег Делави вечерва преку Твитер ги повика пратениците да гласаат за демаркацијата.

– Ратификувајте ја демаркацијата. Граѓаните многу долго чекаа за визна либерализација, време е да се ратификува договорот за демаркација.Ајде!, напиша Делави на Твитер.

Странските дипломати последните денови имаа низа средби со парламентарните партии во напорите да ги убедат дека треба да ја гласаат демаркацијата