Рама ја поздрави одлуката на ЕП за визна либерализација за Косово


Албанскиот премиер Еди Рама ја поздрави одлуката на Европскиот парламент за укинување на  визната либерализација за Косово.

Рама на Твитер,сепка напиша иронично дека со овој чин, Европскиот парламент „отстранил една дамка од себе“.

-Благодарам  што Европскиот парламент ја отстрани од себе дамката со која Европа толку години му се закануваше на своето знаме, не укинувајќи ги визите за Косово! Косово уште малку останува единствената земја со визи во Европа. Но, денешниот чекор е чекор кој во секој случај треба да се поздрави,-напиша Рама.

Поранешната албанска министерка за евроинтергација, Клајда Ѓоша, одлуката ја оцени како добра вест  и најдобар одговор за дебатата за границите меѓу Косово и Србија.

– Ова е извонредна вест за еден народ  кој слободно се движел кога сите ние имавме ѕидови и во 2018 година сеуште се дискутира за негово слободно движење. Ова е најдобриот одговор што може да се даде на  дебатата за редизајнирање на границите меѓу Косово и Србија. На Балканот не му се потребни повеќе граници, туку подобар соживот меѓу него и Европската унија,-напиша Ѓоша на фејсбук.

Искажува надеж дека сите други европски институции а посебно Советот на министри на ЕУ ќе ја подржат денешната  одлуката донесена од страна на Европскиот парламент со 420 гласа „за“, 186 „против“ и 20 „воздржани“.