Работничките од МГИ си ги бараат платите
Кога ќе ги добијат заостанатите плати за март и април што ги заработиле прекувремено, прашаа денеска јавно поранешните работнички во конфекцијата „Маседониа гармент индустри“ (МГИ) на мирниот собир пред фабриката во скопската населба Кисела Вода.
Работничките најавија дека утре повторно ќе протестираат. Подготвени се да одат до крај и веруваат во правен исход, иако, како што нагласија, судските трошоци се огромни. Во врска со отказите, пак, што неодамна ги добија, се пожалија дека биле присилени да ги потпишат.
– Ни ги пикнавте изјавите под нос, но да ги пишуваме своерачно, диктирани од вас: Јас таа и таа своеволно давам отказ од лични причини, потпис и дата денешна – кажуваше правничката. Дојдовме по отказите, ве баравме да излезете да ни кажете кога точно плата, господине Марсел, зошто три недели не лажевте, парите се тргнати, патуваат, да легнат на сметка и ќе ве исплатам, рече поранешната работничка Моника Стојановска.
Според неа, едно одење на суд чини 10.000 денари, за едно рочиште, додека подготовката на документација за секој работник посебно е 7.000 денари.
Конфекцијата „Маседониа гармент индустри“ е сопственост на Холанѓанецот Марсел Мелес.