„Паркинзи на Општина Центар“ чести 4 дена бесплатно паркирање


ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ информира дека од утре до понеделник паркирањето на нивните паркиралишта ќе биде бесплатно за сите граѓани. Бесплатно паркирање за време на државните празници е неколкугодишна практика на ЈП „ПОЦ“.

Оттаму информираат дека паркиралиштата со редовна наплата ќе продолжат со работа во вторник, 10 април, со вообичаено работно време.