Политичка конфузија во Зимбабве


 

Хараре – Државниот весник “Хералд” во Зимбабве, по двочасовното молчење, денеска на насловната страница  објави дека “немало воено превземање на власта” од а претседателот Роберт Мугабе, додека опозицијата тврди дека сменетиот потпретседател  Емерсон Мвангагва стои зад акцијата на армијата и дека „многу бргу ќе се чуе дека Мугабе  се повлекува од политичкиот живот”.

Весникот ја објави статијата неколку часа откако армијата на Зимбабве во телевизиска адреса соопшти дека претседателот Мугабе и неговата сопруга Грејс  ги држи во притвор и дека “нивната безбедност е загарантирана”.