Поевтино парно во Скопје од 1 август
Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница одлучи да ја намали цената што ќе ја плаќаат граѓаните на град Скопје за потрошена топлинска енергија од 1 август годинава.
Како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, цената за дистирбуција на потршувачите на БЕГ се намалува 3,1 отсто за Скопје-Север за 0,76 отсто, а за ЕЛЕМ енергетика 1,13 отсто.
Намалувањето, како што кажа, доаѓа во услови кога цената на природниот гас е за 40 отсто повисока во однос на лани.
Покрај тоа РКЕ за 8,4 отсто ја намали и цената за фиксните трошоци односно цената што ја плаќаа исклучените корисници од системот за топлинска енергија
За септември најави дека заедно со претставници на БЕГ и Здружението „Но пасаран“ на незадоволните исклучени од системот за топлинска енергија, Регулаторната комисија ќе работи на донесување нови подзаконски акти за регулирање на обврската што ја имаат исклучените корисници.