Платите на вработените во „Фолксваген“ ќе се зголемат за 4,3 отсто
Платите на околу 120.000 вработени во германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ ќе бидат зголемени за 4,3 отсто од мај оваа година, соопшти синдикатот ИГ Метал по постигнатиот договор со раководството.
Покрај тоа, предвидена е и субвенција од 100 евра во април, а од август 2019, вработените ќе имаат годишна исплата која изнесува 27,5 отсто од месечната плата, се наведува во соопштението.
За возврат, вработените во „Фолксваген“ нема да можат да имаат 28-часовна работна недела под условите кои истиот овој синдикат ги договори на почетокот од месецов за целиот металски сектор.
Првпат за повеќе од десет години околу 57 отсто од вработените во фабриките на „Фолксваген“ во западниот дел од Германија, штрајкуваат со барање за поголеми плати