Осумнаесет мртви од двојна експлозија во Могадишу


Најмалку 18 лица загинаа, а 20 се повредени во експлозија на две автомобил-бомби во главниот град на Сомалија, Могадишу, соопштија локалните здравствени власти.

Според германската новинска агенција ДПА, во нападот загинале најмалку девет лица, од кои најмалку четворица милитанти.

Експлозијата на двата автомобили се случи во близина на претседателската палата, по што следела жестока престрелка меѓу напаѓачите и припадниците на безбедносните сили.

Исламистичката група Ал Шабаб ја презеде одговорноста за нападот.